Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трета доза вакцина препорачана за сите граѓани
Градови

Трета доза вакцина препорачана за сите граѓани

октомври 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не се планираат нови антиковид-мерки зашто е намален бројот на хоспитализирани, болниците не се оптоварени и се празнат. Трета доза „Фајзер” им се препорачува на сите граѓани, без оглед на возраста и дали се хронично болни. Од идната недела околу 8200 основци и средношколци ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 за да се добијат податоци за преносливост на вирусот во училиштата.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со заразата со КОВИД-19 сега е стабилна зашто континуирано повеќе денови има речиси идентичен број нови случаи – меѓу 450 и 500, но насекаде низ државата е сè помал бројот на тие што болнички се лекуваат и сега се околу 500. Филипче вчера изјави дека некои клиники, како Клиниката за уво, грло и нос и болницата во Козле, веќе се враќаат во нормална работа и нема да сместуваат КОВИД-пациенти.

Во вчерашниот здравствен билтен беа регистрирани нови 185 случаи од 1876 тестирања во 24 часа. Евидентирани беа 523 оздравени пациенти, 12 починати и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021. Со новата статистика, бројот на дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 192 654. Оздравени се 174 148, починати 6719, а активни случаи има 11 787 во целата држава.

Целосно вакцинирани се 734 000 граѓани. Од петокот е затворен пунктот во салата „Борис Трајковски” и сега за вакцинација функционираат седум поликлиники во рамки на Здравствениот дом Скопје, во две смени. Филипче на прес-конференција информираше дека вакцини има доволно – на располагање се околу 260 илјади дози „Фајзер”, 45 000 дози „Синовак”, 100 илјади дози „Астра Зенека”.

Министерот за здравство соопшти дека 47 отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза, а од вкупното население 38,2 проценти. Посочи дека има голема разлика од општина до општина.

-Најмногу вакцинирани со две дози полнолетни граѓани има во Вевчани, 72 проценти, над 60 проценти во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци и Охрид, над 55 проценти во Росоман, Ресен, Дојран, Дебрца, Богданци, Битола и Берово, а низок опфат, под 30 проценти, во Липково, Македонска Каменица и Ново Село, рече Филипче.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од КОВИД-19 поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Според Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, целта на препораката е да се заштитиме од многу инвазивниот делта сој и бидејќи шесте месеци од почетокот на вакцинацијата упатува на тоа дека ефективноста на дел од вакцините се намалува.

-Комбинирањето на антиковид-вакцините, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер”, со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува имунолошкиот одговор, рече Грозданова, додавајќи дека во однос на препораката третата доза да биде вакцината на „Фајзер” го гледале искуството и од неколку студии чии резултати покажале дека ова вакцина обезбедува одлична заштита.

Околу 8200 ученици, основци и средношколци, по случаен избор од регистарот на Е-дневник ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 со земање брис. Тестирањето ќе почне во текот на следната недела и ќе биде со согласност на нивните родители.

Како што информираше министерот Филипче, планирано е скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи. Целта е да се добие податок за евентуално трансмисија на вирусот во училиштата.

А за ризикот од пренесување на вирусот на партиските предизборни митинзи, на кои не се почитуваат основните мерки – дистанца и заштитна маска, Филипче смета дека е пожелно да се создадат услови да може да се бараат сертификатите за вакцинација и тоа, рече, би требало да се прави секаде каде што има влез и излез, но дека е тешко да се организира каде што се собираат граѓаните. На прес-конференцијата вчера рече дека ќе им препорача на сите политички партии да најдат начин доколку е можно да се побара сертификат и тоа да биде координирано со влез-излез.

На истото новинарско прашање – колку се почитуваат антиковид-протоколите на партиските митинзи, премиерот Зоран Заев вчера одговори дека проблемот е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца.

– Се гледа распоредот на столчињата дека се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е што дополнително луѓето кои доаѓаат од страна не ја запазуваат неопходната оддалеченост и целосното почитување на протоколите, одговори Заев, додавајќи дека со организаторите на митинзите ќе направат сè за максимум да се почитуваат антиковид-протоколите.

актуелно вакцина граѓани трета доза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.