Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Третина од населението на Земјата е во изолација
СВЕТ

Третина од населението на Земјата е во изолација

март 25, 2020Updated:март 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Откако денеска во Индија стапи во сила наредбата 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели, тоа значи дека една третина од човештвото е во изолација поради новиот коронавирус.

По одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди жителите на најнаселената земја во светот по Кина да не ги напуштаат домовите три недели, бројот на луѓе во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди.

„Да се спаси Индија, да се спаси секој граѓанин, ти, твоето семејство (…)
секоја улица и секое соседство значи да се биде во изолација“, нагласи
Моди во телевизиско обраќање до нацијата.

Сепак, Кина денеска ги укина драстичните ограничувања наметнати пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, жариште на пандемијата на коронавирусот, која од декември досега однесе повеќе од 18.000 животи низ целиот свет.

Пекинг вчера објави дека ја укинува карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведен во јануари, за да можат сега да патуваат ако се здрави.

Некои аеродроми и железнички станици повторно работат.

Но, училиштата се се уште затворени во оваа фаза, а жителите на Вухан, ќе треба да чекаат до 8 април за да можат да патуваат надвор од градот.

Во земјата не се откриени случаи на локална зараза во последните 24 часа, но има пријавено 47 случаи од странство во тој период, соопштија кинеските здравствени власти.

Низ целата планета, бројот на починати од вирусот Ковид-19 продолжува да се зголемува.

Вирусот однесе живот на повеќе од 18.200 луѓе и 405.000 се заразени, половина од нив во Европа.

Ситуацијата во Европа е се уште критична, но добри и лоши информации доаѓаат од најпогодената земја – Италија.

Во таа земја, бројот на смртни случаи за еден ден се искачи на 743, откако во претходните два дена беше забележана надолна траекторија, по рекордни 793 смртни случаи во саботата.

Сепак, новите инфекции пораснаа за само осум проценти за втор последователен ден, најмалку од кризата во Италија.

Ирска одлучи да ги затвори компании кои не се од суштинско значење за функционирањето на земјата, Велика Британија планира да изгради болница со 4.000 кревети, а Шпанија го повика и НАТО за помош.

Африканските земји, со често лоши здравствени системи, ги зголемуваат мерките за борба против коронавирусот бидејќи се зголемува бројот на заразени и починати.

Речиси 130 милиони Американци, 40 проценти од населението, се во некаква форма на изолација, или наскоро ќе бидат.

Оваа мерка ја опфаќа и најголемата држава Калифорнија.

Претседателот Доналд Трамп изрази надеж дека САД ќе бидат „активирани“ до средината на април, но тој оптимизам тешко го делат светските лидери кои воведуваат ограничувања на движењето во обид да го спречат ширењето на болеста.

Иако на САД му се заканува експоненцијално ширење на вирусот, и покрај тоа што многу влади слушаат експерти кои велат дека единствениот начин за забавување на пандемијата е „социјална дистанца“, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека мерката не вреди за високата цена што би ја платила економијата.

Имено, Трамп разгледува повторно покренување на економијата во април.

„Нашата држава не е изградена за да се затвори. На тој начин можете
да ја уништите државата“, изјави Трамп за Фокс Њуз.

актуелно Земја изолација Ковид-19 население
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.