Секретаријатот за европски прашања денеска организира трибина „Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 во делот на изборите“.
Трибината ќе ја отвори вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој ќе се осврне на клучните елементи од планот 3-6-9, а кои се однесуваат на престојните локални избори.
На трибината, која ќе се одржува во Клубот на пратеници, ќе учествуваат и претставници на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Генералниот секретаријат при Владата, претседателот на Управниот суд, Јатмире Ајдини Бошњаку и претставници на граѓанското општество, МОСТ, ЦИВИЛ и „Синергија“







