Триесетдневен притвор му е одреден на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, по вечерашниот распит во Кривичниот суд.
Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за „27. април“ од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието минатата година.
Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР.
Атанасовски беше на чело на УБК до јуни 2017, а сега е советник за безбедност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.







