Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тринаесет жртви во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово
Во Фокусот

Тринаесет жртви во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово

февруари 13, 2019Updated:февруари 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница по тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово меѓу Карпалак и
Лаксарци, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

„Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна
Филипче од Градската општа болница 8 Септември.

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

„Искрено жалам, изреагиравме веднаш кога ја добивме информацијата.

Сите екипи на Итна помош беа на лице место, се даде соодветна помош и се продолжува текот на лекување кај пациентите кои се сместени во болничките установи. Се надевам дека нема да има дополнителни компликации и дека тие што се во тешка животно загрозувачка состојба ќе ја надминат, рече министерот.

Според него, се вршат проверки. -Го знаеме идентитетот на пациентите што се примени свесни, а во моментов полицијата работи на утврдување на останатите. Нема деца меѓу повредените, но има лица на 25-30 години, информира Филипче.

Лицата што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во Старата градска болница, а петмина во ГОБ 8 Септември.

Повеќето пациенти хоспитализирани во ГОБ, дополни министерот се политрауматизирани со опфатени повеќе системи. Возачот на автобусот не е меѓу загинатите.

Министерот неможеше да каже дали се работи за работници кои се превезувале дома, како што информираа некои од медиумите.

„Полицијата разговараше со возачот, можете да ја прашате, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали возачот имал инфаркт.

Како што информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов, во оваа болница се донесени 33 пациенти од кои пет биле починати. Меѓу згрижените има и млади, веројатно од машки пол, но деца нема.

„Повикани се сите медицински екипи и ангажиран е цел пероснал. Повредените се сместени во новиот траума центар и отворени се четири хируршки сали, нагласи Костов, додавајќи дека за кратко време Ургентниот центар ќе биде подготвен за 24 часовно нормално функционирање.

Во ГОП 8 Септември се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пратеникот на ДУИ Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Репортерот на МИА, кој е на лице место нагласи дека има над 20 амбулатни возила, но дека во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители. На местото на несреќата пристигнале и припадници на специјални полициски сили и хеликоптер на АРМ.

Несреќата според очевидци се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. ОД МВР засега нема официјално соопштение за причините за несреќата.

Според репортерот на МИА, кој е на местото на несреќата се работи за автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, а сообраќајката се случила меѓу Ласкарци и Карпалак.

МИА стапи во контакт со „Дурмо турс“, но вработениот оттаму ни кажа дека засега не може да каже точна бројка на патници во автобусот, кој сообраќал од Скопје кон Гостивар и оти уште ги собираат податоците.

Како што соопшти АМСМ сообраќајот на патот Скопје-Тетово се уште е во прекин.

актуелно загинати сообраќајна несреќа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.