Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трошоците на живот лани зголемени за 1,5 отсто, а цените на мало за 2,7
Економија

Трошоците на живот лани зголемени за 1,5 отсто, а цените на мало за 2,7

јануари 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Индексот на трошоците на животот во 2018 година има пораст од 1,5 отсто, а индексот на цените на мало пораст од 2,7 отсто во споредба со 2017 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на цените на мало 99,5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во 2018 година е забележан во групите: Транспорт за 7,5 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,5, Рекреација и култура за 2,4, Ресторани и хотели за 1,9, Храна и безалкохолни пијалаци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,8, Здравје и Комуникации за 0,7, Останати стоки и услуги за 0,5 отсто.

Намалување на индексите е забележано во групите: Облека и обувки за 0,4 отсто и Образование за 0,1 отсто, додека групата Домување, вода, електрика, гас и други горива е на ниво од претходната година.

Пораст на индексот на цените на мало, пак, во 2018 година е забележан во групите: Услуги за 3,7 отсто, Земјоделски производи за 3,6, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2,5, и Индустриско прехранбени производи за 0,8 отсто. Групата Пијалаци е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, вo споредба со декември 2017 година, забележа пораст од 0,9 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од еден отсто. Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, пак, забележа намалување од 0,2 отсто.

Според Државниот завод за статистика, намалувањето на индексите на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3,3 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9, млекото за 0,8, трбушките за 0,7, другите прехранбени производи за 0,6, јајцата за 0,5, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, и кај маслото и маснотиите за 0,2 отсто.

Исто така, во декември 2018 година, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6,8 отсто, течните горива за домаќинствата за 12,5, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 10,6, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,6, информатичката опрема за 1,9, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за еден, книгите за 1,5, автомобилите за 1,4, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 0,9, другите медицински производи за 0,3, и кај материјалите за одржување и поправки на станот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, рибата и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7, сирењето и урдата за 0,5, лебот и житата за 0,4, и кај другите преработки од месо, јогуртот за 0,2 отсто.

Во декември 2018 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 3,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 2,1, градините, растенијата и цвеќињата, туристичките пакет-аранжмани за 1,3, парамедицинските услуги за 0,9, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0,8, обувките, телефон и телефакс-опремата за 0,7, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, услугите за сместување, услугите за лична хигиена за 0,5, мебелот за домаќинствата за 0,4, и кај лековите, терапевтските помагала, резервните делови и опремата за сопствен превоз, ресторани и хотели за 0,2 отсто.

живот зголемување трошоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.