Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тројно повисока социјалната помош од државата
Економија

Тројно повисока социјалната помош од државата

септември 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ги презентираа реформите на системот за социјална и детска заштита, коишто започнуваат од почетокот на следната година.

Реформата, како што рече Премиерот, пред се ќе значи надградба на социјалната парична помош, односно ќе се воведе минимален гарантиран приход. Со тоа како што истакна Премиерот Заев, граѓаните од ранливите категории секој месец ќе добиваат соодветен износ со којшто ќе можат да ги задоволат своите основни потреби.

„Од почетокот на следната година, четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700-тини денари.

За повеќе од 70% од корисниците на социјалната помош зголемувањето е повеќе од 300% или три пати повеќе од тоа што досега го добивале“, потенцираше Премиерот Заев на денешната прес – конференција.

Новиот систем на социјална и детска заштита ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија. Реформата ќе подразбира и поддршка за комплетирање на образование на овие лица, со што тие ќе стекнат вештини и ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.

„Воведуваме европски стандарди на социјална заштита. Европа, почитувани значи солидарност и социјална правда. Колку повеќе се доближуваме до Европската Унија, поддршката за социјална заштита постојано расте.

Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. Унијата вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани – реформа на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секаков вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество“, додаде Премиерот Заев.

Најважно е како што рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, државата да вложува во човечкиот капитал.  Реформата како што посочи таа, целосно ќе ги преобрази системите на социјалната и детската заштита и во исто време ќе ги извлече од сиромаштија најранливите категории на граѓани.

„Инвестирањето во човечкиот развој има клучна улога во економскиот успех на нацијата. Во градењето на способна и продуктивна работна сила како и во минимизирање на социјалните проблеми. Затоа со оваа реформа не само што го зголемуваме надоместокот, туку истовремено вложуваме во преквалификација на лицата кои се невработени за да може да се активираат на пазарот на трудот. Секое дете ни е важно. Се грижиме за сите деца, и за децата на приматели на социјална помош и за децата во домаќинствата со ниски примања- за сите нив предвидуваме детски и образовни надоместоци“, рече меѓу другото министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На денешната прес – конференција, министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, истакна дека обврска на Владата на Република Македонија е да посвети значителен дел од државниот буџет за намалување на сиромаштијата на возрасните, но и на децата во земјата.

„За воведување на реформиран систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година, потребно е да се обезбедат дополнителни 2,2 милијарди денари. Со зголемување на средствата за оваа намена сакаме да обезбедиме доволно за сиромашните граѓани. Со оваа промена ќе бидеме сигурни дека нема да има гладни деца во Македонија. Ќе има придобивки за приватниот сектор и за економијата.

Тие ќе бидат многукратни, секако ќе се зголеми потрошувачката на граѓаните и тоа на најранливите групи на граѓани“, додаде министерот за финансии Драган Тевдовски.

актуелно влада Европа социјална помош
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.