Пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ рече дека формирање на десет пратенички групи од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не е ништо друго освен блокада на Собранието и претставува оневозможување на реформските процеси.
ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните, рече Тунтев.
Според него ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси.
„Ние како парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да ги спречиме во нивната намерата.
Од авион се гледа дека прават опструкции, за да не се разреши Марко Зврлевски, изјави Тунтев.







