Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тупараинен: Поддржуваме старт на преговорите во октомври, „Рекет“ е тест за правната држава
Политика

Тупараинен: Поддржуваме старт на преговорите во октомври, „Рекет“ е тест за правната држава

август 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Финска како актуелен претседавач со ЕУ дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и очекуваме тоа да се случи во октомври“, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен на заедничката прес-конференција во Хелсинки со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

„Оптимисти сме дека ако биде исполнета агендата, во октомври ќе биде донесена одлука за старт на преговорите. Сметаме дека нема причина за натамошно одложување“, рече Тупураинен.

Прашана дали актуелниот случај „Рекет“ може да влијае на одлуката, таа одговори дека не би требало, но оти постапувањето по него е тест за државата.

„Овој случај е тест за правната држава и владеењето на правото во Северна Македонија. Последниот извештај на ЕК покажа дека има прогрес во оваа област и тоа сега треба да се покаже на дело. Очекуваме објективна истрага и никој да не биде ставен над законот“, порача Тупараинен.

Вицепремиерот Османи, од своја стран, истакна дека земјата е посветена на интеграцијата во ЕУ и НАТО и оти никаков предизвик тоа нема да го смени.

Тој искажа благодарност на Финска за поддршката за интеграцијата во ЕУ и за отворање на преговорите за членство во октомври годинава.

Османи потенцира и дека одлагањето на доделувањето датумот за почеток на преговорите за членство на земјава во ЕУ во јуни, беше поради технички причини и нагласи дека очекува во октомври Европскиот совет да донесе решение за старт на преговорите.

Според него, добивањето на датум за време на сегашното финско претседавање со ЕУ би имало и симболика, имајќи предвид дека првата препорака за почеток на преговорите за членство на земјава во Унијата, Европската комисија ја даде за време на претходното претседавање на Финска со Унијата.

Османи нагласи дека и покрај последниот извештај на Европската комисија, кој го оцени како најповолен досега, Северна Македонија не смее да дозволи ни најмали причини, кои на некоја членка на ЕУ би и биле повод за барање на одлагање на доделувањето датум.

Затоа, потенцира Османи, работиме со сите земји членки на ЕУ за да избегнеме таквата можност.

актуелно правна држава преговори рекет Тупараинен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.