Турски обвинители денеска издадоа наредба за апсење на 124 лица за кои се верува дека се наводни приврзаници на исламскиот проповедник во САД, Фетулах Ѓулен, обвинет за организирање на неуспешниот воен удар во 2016 година.
Турција до сега, според податоците на канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, притворила околу 160.000 луѓе и обвинила уште приближно толкав број од државните служби.
Повеќе од 50.000 луѓе се обвинети за учество во неуспешното насилно соборување на Реџеп Таип Ердоган и се наоѓаат во предистражен притвор, наведува Ројтерс.







