Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Туск: Можна е само една одлука – почеток на преговрите, прашањето не е „дали“ туку „кога“
Македонија

Туск: Можна е само една одлука – почеток на преговрите, прашањето не е „дали“ туку „кога“

јуни 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката пресконференција со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.

„Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте се што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови. Прашањето е не „дали“, туку „кога“ ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земја и на регионот е во ЕУ, нагласи Туск.

Изборот на Пендаровски и неговата прва посета на Брисел, Туск ја оцени како високо симболични и извор на надеж за земјата и за целиот регион.

„Прво, Вашата неспорна изборна победа покажа нова верба на граѓаните и политичките сили во демократските процеси и создаде добра база за институционална стабилизација. Второ, изборите ја потврдија евроатланската ориентација на земјата. Изборите беа и референдум за меѓуетничкото помирување и добри односи со соседите и вие тој тест го поминавме успешно. Договорите со Бугарија и Грција се историски, и пример што треба да го следат и другите во регионот и пошироко.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата кажа дека по исполнетите задачи, Северна македонија не бара незасужена награда, туку заслужена шанса да изградиме европска држава со праведно, хумано и напредно општество. Посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на државата и на огромното мнозинство граѓани.

„Пред две недели го добивме најдобриот и најпозитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на прероговите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан.

Тоа го направивме со решавање на децениски прашања. Донесовме храбри одлуки за многу чувствутелни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добросоедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото. Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште
реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.

Потсети на улогата на земјата во справувањето со мигрантската криза во 2016, а со тоа и во зачувувањето на европската безбедност.

„Со тоа покажавме дека сме цврсти европски партнери. Овој јуни ЕУ има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на целиот наш регион – со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија, порача Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.

актуелно пендаровски почеток преговори туск
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.