Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полицијата го уапси А.Н. (29), од Велес, кој во саботата вечерта, околу 22.15 часот, на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината единаесетгодишна ќерка, по што избегал од местото на несреќата.
Од повредите од ударот девојче почина на местото, а нејзината мајка беше пренесена во болница од каде што по направениот детален лекарски преглед и укажаната медицинска помош, вчера беше пуштена.
А.Н. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.