Поранешниот директор на Управата забезбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски вечерва е уапсен, пренесува МИА, повикувајќи се на извори од МВР дека Атанасовски е уапсен на уапсен на барање на Јавното обвинителство и се наоѓа на распит во Кривичниот суд.
Атанасовски вчера беше посочен од дел од обвинетите од настаните од 27
април во Собранието на РМ дека преку Алескандар Василевски – Нинџа го
организирал упадот во Парламентот, а претходно, според сведоците, дал
наредба и за палење на куќите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.
Владимир Атанасовски го наследи директорското место во УБК од Сашо
Мијалков во 2016 година.