Судот во Москва го уапски Шамил Нурмагомедов, шеф на продажба во една компанија во регионот на руската престолнина, поради сомнение дека ја финансирал Исламска држава.
Нурмагомедов е обвинет по член 205.1.1 од рускиот Кривичен закон, кој се однесува на помош на терористички активности, а кривичниот случај против него е покренат на 16 јануари.
Според податоците кои ги објави полицијата, Нурмагомедов, роден во Дагестан, ја финансирал Исламска држава и им пружал финансиска помош на членови на илегални групи при купување на билети за Турција, од каде потоа илегално ја минувале сириската граница и заминувале на боиштата.
Нурмагомедов работел во фирмата „Експострој“, која се занимава со дизајн и производство на изложбени штандови, во градот Красногорск, во регионот на Москва.