Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УДАР ОД ВАШИНГТОН: Бајден воведува нови санкции против Русија
СВЕТ

УДАР ОД ВАШИНГТОН: Бајден воведува нови санкции против Русија

февруари 23, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соединетите Американски Држави од денес воведуваат нови санкции против Русија во акцијата за одбележување на втората годишнина од руската инвазија на Украина, изјави за Ројтерс заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо.

Адејемо наведе дека предмет на санкции на оваа акција ќе бидат 500 цели.

„Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе биде насочена кон руски воено-индустриски комплекси и компании во трети земји кои на Русија и го олеснуваат пристапот до стоките што ги сака“, рече Адејемо.

Вашингтон, се наведува, се обидува да ја повика Русија на одговорност заради војната и смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Од утре ќе воведеме стотина санкции само овде во САД, но важно е да се запамети дека не е само Америка таа што презема акции“, рече Адејемо.

Споменатиот пакет ќе биде последен во серијата санкции против Москва кои ги најави Америка и нејзините сојузници по руската инвазија на Украина во 2022 година, во која загинаа десетици илјади луѓе и се уништени многу градови.

Новите санкции доаѓаат во време кога САД и нивните сојузници сакаат да го задржат притисокот врз Русија, и покрај сомневањата дали американскиот Конгрес ќе одобри дополнителна помош за Киев.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исцрпи парите претходно одобрени за Украина, а барањето за дополнителни средства „стои“ во Претставничкиот дом под контрола на републиканците.

„Санкциите и контролата на извозот имаат за цел да ја забават Русија, со што ќе им биде отежнато водењето војна по нивен избор во Украина“, рече Адејемо, додавајќи дека Конгресот треба да дејствува за да и ги даде на Украина потребните ресурси.

Експертите, меѓутоа, предупредуваат дека санкциите не се доволни за да се запрат нападите на Москва.

„Руската економија е пет отсто помала од она што претходно се предвидуваше“, нагласи главната економистка за санкции, Рејчел Лингаас, на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

Сепак, руската економија има над очекувањата, при што Меѓународниот монетарен фонд во јануари прогнозираше раст на БДП од 2,6 отсто за 2024 година, што е зголемување за 1,5 процентни поени во однос на проценката од октомври.

Од друга страна, портпаролката на ММФ, Џули Козак, вчера изјави дека е јасно оти Русија сега е во воена економија, со воени трошоци кои го поттикнуваат производството на оружје, државните социјални трансфери кои ја поддржуваат потрошувачката и со растечката инфлација.

актуелно Америка конгрес помош русија санкции Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.