Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодараност до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за одличната организација и домаќинство на европскиот суперкуп.
УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја фантастичната организација на Суперкупот.
Благодариме Скопје. „Фантастични домаќини бевте на Суперкупот 2017„
Изјавија од УЕФА.








