Партизан нема да има поддршка од навивачите против Видеотон, а и на натпреварот после плеј-офот од Лигата Европа „Хумска“ ќе биде празна. Тоа е одлука на дисциплинската комисија на УЕФА која вчера стигнала во клубските простории после разгледувањето на се што е лошо што претставниците на европската куќа на фудбалот забележаа на натпреварот против Олимпијакос.
Да потсетиме, на натпреварот против грчкиот шампион еден топовски удар падна неколку метри од Марк Марин при изведување на корнер, а беше „пеколно“ и при заминувањето на играчите во соблекувалната на полувремето, кога неколку пластични шишиња паднаа на теренот, од кои едно Ромао „го врати“ на трибините.
Партизан има право на жалба на оваа одлука, но таа не го одлага извршувањето.