Вооружено момче отвори оган врз двајца телевизиски новинари кои известуваа од местото на друго убиство во предградие на Орландо, на Флорида, убивајќи еден репортер, а ранувајќи друг, соопштија тамошните власти.
„Осомничениот, идентификуван како Кејт Мелвин Мозес, има 19 години е уапсен веднаш по пукањето.
Мозес е обвинет и за две други престрелки во кои загинаа 9-годишно девојче и жена на 20-годишна возраст“, изјави шерифот на округот Оринџ, Џон Мино, на прес-конференција.
Двајцата новинари беа нападнати во Пајн Хилс, предградие на Орландо, станува збор за репортер и снимател на кабелската телевизија „Спектрум Њус 13“.
„Се очекува Мозес да се соочи со обвиненија за тој напад, како и за смртоносното пукање во деветгодишно девојче и ранувањето на нејзината мајка во нивниот дом, отприлика во исто време кога беа нападнати новинарите“, рече Мино.
Осомничениот неколку часа претходно убил и жена во возило, се наведува во соопштението.
Мино посочи дека не е утврден мотивот за ниту едно пукање, но истакна дека се верува оти Мозис бил познаник на првата жртва.







