Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Украина ја обвини Москва за геноцид во Буча и Мотижин, Русија негира
СВЕТ

Украина ја обвини Москва за геноцид во Буча и Мотижин, Русија негира

април 4, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Украина покренува истрага против руските сили поради можни злосторства против човештвото врз цивили и кршење на Женевската конвенција против заробени војници, соопштија денеска државниот обвинител и Народниот правобранител, откако беа пронајдени нови жртви во селото Мотижин во близина на Киев.

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова изјави за националната телевизија дека во регионот на Киев најлоша е состојбата во градот Бородјанка, судејќи според бројот на жртвите, но не даде други информации за тоа.

Началничката на селото Мотизин, нејзиниот сопруг и син се пронајдени закопани, соопшти Министерството за внатрешни работи, покажувајќи делови од ископаните тела, пренесува Ројтерс.

Откако руските сили се повлекоа од градовите и селата околу главниот град на Украина минатата недела, украинската војска им покажа на новинарите мртви тела за кои се верува дека се цивили и дека се убиени од руски војници, а нивните куќи ги уништиле, а возила им ги запалиле.

Ројтерс не потврди кој го убил семејството чии останки беа пронајдени во селото Мотизин. Дописникот на агенцијата ги видел мртвите тела и тело на друг маж во бунар во близина на запален селски имот и се чини дека тој човек бил врзан.

„Окупаторите се сомневале дека семејството соработува со украинската армија, дека им давале локации и цели. Го убија целото семејство. Прво ги мачеле, а потоа ги заклале“, наведува украински извор.

Вадим Токар, началник на блиското село Макарив, рече дека руските војници го однеле семејството два до три дена пред повлекувањето.

Стотици мртви тела биле пронајдени по повлекувањето на руската армија од околината на Киев, вклучително и во градот Буча, каде во саботата беа пронајдени првите мртви тела.

Официјална Москва ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека сето тоа е претстава во режија на украинските власти кои на социјалните мрежи и на западните земји и Украина шират лажна верзија за нападот.

„Тоа е лажен напад со цел да се оцрни Москва“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, а пренесе агенцијата ТАСС.

Украинската омбудсманка Људмила Денисова рече дека украинските воени заробеници кои биле разменети за руски војници веруваат дека им биле прекршени нивните права според Женевската конвенција.

„Биле држени во подрум без храна и морале да ги соблечат униформите“, рече Денисова.

Со Женевската конвенција се утврдени законски норми за хуманитарно постапување до кои треба да се држат завојуваните страни.

актуелно Буча геноцид Киев Москва русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.