Украинските сили отворија оган врз населба во самопрогласената Доњецка Народна Република и во таа прилика убија четворица востаници, а ранија пет, соопшти народната милиција на ДНР.
Како што се наведува, Украинците стрелале од минофрлачи и усмртиле тројца востаници, а еден тешко раниле. Кога на местото стасала екипа на Итна медицинска помош и на нив било пукано. Тогаш загинал уште еден востаник, а четворица биле ранети.
Од Народната милиција истакнуваат дека воените сили на Украина не можеле да не знаат за какво возило станува збор, затоа што било прописно означено, а покрај тоа биле однапред информирани за неговото доаѓање.
Да потсетиме, украинска диверзантска група на 11 јуни изведе напад на извидувачки пункт на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република и притоа уби пет востаници.
Леонид Пасечник, шефот на ЛНР, изјави дека диверзијата ја одобрило и испланирало раководството на Украина непосредно пред состанокот на претседателите на Америка и Русија.
По тој повод, Русија го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да го осуди нападот на украинската диверзантска група на востаниците од непризнатата Луганска Народна Република.