Општинското јавно обвинителство во Вараждин, Хрватска, товари дваесет и шестгодишен државјанин на Босна и Херцеговина дека пред три години измамил фирма од Лудбрег.
Тој од таа фирма на измама земал повеќе од 1000.000 евра и купил биткоини, кои денеска вредат повеќе од еден милион евра.
Обвинетиот направил лажна страница на банката во која што фирмата имала отворено сметка. Откако ја дознал лозинката направил две трансакции со кои на себе, на својата сметка, си префрлил еден милион куни (133.400 евра).
Потоа купил криптовалути, односно 22 биткоини, кои денес реално вредат околу еден милион евра.
Државјанинот на БиХ, против кого се води постапкава, не е достапен на хрватското правосудство.