Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Унгарија во голема криза, Орбан под притисок
Европа

Унгарија во голема криза, Орбан под притисок

јануари 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе преживеа многу кризи кои ја загрозуваа неговата моќ – внатрешна и надворешна, економска и социјална. Но, сега Орбан е соочен со најголемиот предизвик во изминатите тринаесет години од неговото владеење.

Затоа, 2023 година би можела да стане одлучувачка и судбоносна година за политичарот чие име се поврзува со подемот на нелиберализмот во Европа, пишува Дојче веле.

Унгарија моментално ја проживува најтешката економска криза, после онаа (меѓународната финансиска криза) во 2008 и 2009 година,кога речиси банкротираше.Националната валута, форинтот, значително ја загуби својата вредност во последните месеци, а високата инфлација од над 20 проценти се повеќе луѓе во земјата ги фрла во егзистенцијална беда.

Ограничувањето на цените на храната и бензинот досега само малку помогна и резултираше со недостиг, за прв пат од крајот на социјализмот.

Токму во оваа тешка социо-економска ситуација, Европската унија укина голем дел од милијардите субвенции за Унгарија поради недостатоци во владеењето на правото.

А, натамошните кратења се неизбежни – се до целосно откажување на сите исплати од Брисел.

Освен тоа, владата на Орбан е поизолирана од кога било досега во Европа поради нејзиниот проруски став.

„Впрочем, владата на Орбан никогаш не била во толку тешка ситуација како што е сега“, изјави за Дојче Веле политикологот Петер Креко, од лево-либералниот институт во Будимпешта „Политички капитал“.

„Тоа може да се види од анкетите, според кои расте незадоволството, или по протестите на просветните работници кои траат со месеци“, вели Креко.

Меѓутоа, Креко додава: „Орбан и неговата влада сè уште се многу успешни во префрлањето на вината за кризата на надворешните актери, на Европската унија или на берзанскиот милијардер Џорџ Сорос. Орбан и неговата партија Фидес имаат многу стабилно бирачко тело и имаат воспоставено најцентрализиран политички систем во Европа. Сето ова значи дека постојат добри шанси унгарската влада да ја преживее оваа кризна ситуација“.

Конзервативниот економист Ласло Чаба, кој некогаш припаѓаше на неформалната група советници на Орбан и предава на Централноевропскиот универзитет (Будимпешта/Виена), актуелната унгарска криза ја гледа првенствено како „криза на моделот на Орбан“.

„Зад овој модел стои политиката на евтини пари, лабава монетарна политика и голема потрошувачка. Тоа сега повеќе не може да се одржи“, изјави Чаба за Дојче Веле.

„Севкупно, ситуацијата во која се наоѓа владата е тешка, но не и катастрофална. Унгарија се соочува со рецесија, но не е на работ на бездната како што беше пред 15 години за време на финансиската криза“, вели тој.

За Унгарија во наредните месеци ќе биде многу важно тоа дали ќе и бидат исплатени субвенциите од ЕУ или не.

Земјата е втор најголем нето примател на субвенции од Унијата, после Полска. Во последниве години тие во просек сочинуваа од три до четири проценти од унгарскиот бруто национален производ – што приближно одговара на годишниот економски раст на земјата.

актуелно Брисел Виктор Орбан Европа Европска унија криза субвенции Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.