Ураганот Иота уништи 80 проценти од домовите на колумбискиот остров Провиденција, соопшти колумбискиот министер за домување Џoнатан Малагон.
– Според прелиминарните податоци, речиси 80 проценти од домовите се целосно уништени, а 20 проценти – делумно, рече Малагон, чиј говор беше пренесуван во живо на Твитер профилот на администрацијата на колумбискиот претседател.
Министерот додаде дека сите домови ќе бидат обновени до 2022 година.
Островот Провиденс се наоѓа во југозападниот дел на Карипското Море и има население од околу 6000 луѓе.







