Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Успешниот референдум отвора перспективи за Македонија
Македонија

Успешниот референдум отвора перспективи за Македонија

септември 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Успешниот референдум широко ќе и ги отвори вратите на Македонија за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство со Европската унија, порачуваат странските политичари.

Поранешениот министер за надворешни работи на СР Југославија и актуелен генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, Горан Свилановиќ вели дека само успешен референдум на Македонија ќе и отвори перспектива и огромен потенцијал.

„Секако дека референдумот е национално прашање. Но, само успешен референдум ќе отвори перспектива и огромен потенцијал. Со него самите граѓани ќе имаат можност да стават точка на спорот што над 25 години го блокираше вистинскиот напредок и интеграциските процеси во земјата, вели Свилановиќ за МИА.

Според него, договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е храбар, голем, историски и охрабрувачки за целиот регион, бидејќи дава свеж потенцијал, не само за соработката во евроатланските интеграции, туку и за натамошниот економски развој на земјата, како и на целиот регион.

„Очекувам по успешниот референдум, земјите членки на Европската унија да ги операционализираат заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите. За очекување е процесот на преговори да тече со солидно темпо поради фактот што земјата досегна висок ниво на ускладеност на своето законодавство со ЕУ, потенцира Свилановиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, смета дека решавање на спорот меѓу Скопје и Атина, е добро за целиот регион, но оти нема право да го повикува српското малцинство во земјава дали да се гласа на референдумот или не.

– Задоволни сме што Скопје и Атина ќе го решат проблемот, тоа е сигурно добра вест за Белград и за Србија. Но немам право да повикувам или не повикувам кого било на референдум, затоа што тоа би било нефер и е директно мешање во внатрешните работи, а ние ја почитуваме Македонија, рече Вучиќ по вчерашната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на граничниот премин Прешево-Табановце .

Амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат во интервју за неделното издание на „Катимерини“ порача дека решението меѓу двете земји ги „отклучува“ односите со северните соседи.

– Договорот од Преспа е важен затоа што ги „отклучува“ односите со северните соседи. Бев импресиониран бидејќи во Солун од бизнисмените слушнав дека се согласуваат, па дури и да не им се допаѓа Договорот од Преспа, дека ако се спроведе ќе создаде важни и нови економски можности. Не станува збор само за Скопје, туку и за историскиот однос на Грција со сите земји од Западен Балкан, фактот дека Грција го дели американското мислење дека овие земји треба да можат да го продолжат нивниот пат до членство во НАТО и ЕУ, ако нивните народи го одберат тоа, вели амбасадорот на САД.

Во Македонија трае кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ за референдумот закажан за 30 септември на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ која ја сочинуваат 30 политички субјекти и стотина различни организации.

Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО Стево Пендаровски вчера порача дека е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, на 30 септември да седите дома.

Од Битола Пендаровски, воедно, порача дека референдумот ќе биде успешен затоа што голема е предноста на граѓаните кои сакаат Македонија еднаш засекогаш да биде заедно во друштво со најголемите држави во светот.

– Во договорот со Грција зецементиран е македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа ќе биде признаено од целиот свет, од меѓународните организации почнувајќи од најголемата Обединети нации каде македонскиот јазик ќе се преведува на сите шест официјални јазици во ОН каде членуваат 193 држави членки. Неможам да видам аргумент на страната на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние кои тврдат дека ние воопшто не треба да се асоцираме кај двете најголеми меѓународни организации, Европската унија и НАТО затоа што наводно тие биле на заминување, во распаѓање и дека час поскоро треба да се оддалечуваме наместо доближуваме кон нив, рече Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев заедно министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на отворањето на 23. Пензионерски спортски игри во Радовиш истакна дека мерките за обезбедување повисок стандард, грижа и заштита на пензионерите се приоритет на Владата и додаде дека тоа ќе биде полесно остварливо по влегувањето во Европската унија.

„Ги следиме европските пракси, гледаме како живеат пензионерите во земјите од Европска унија, поспокојно и покомотно, и токму затоа секојдневно работиме, затоа и стратешките чекори кои ги преземаме водат токму кон Европската унија.

„Тие чекори се за да го кренеме стандардот на достоинствено ниво какво што доликува на секој, кој чесно си ги изразботил своите продуктивни години, и треба да ги ужива пензионерските денови исправено и горделиво, рече Заев.

актуелно Атина ЕУ македонија скопје Совет ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.