Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено
Македонија

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено

јуни 28, 2023Updated:јуни 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше на разговори во Брисел. Се огласи и претседателот на државата Стево Пендаровски кој изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата Александар Николовски и пратеникот Тимчо Муцунски, во Брисел ќе присуствува на Собрание на Европск

Мицкоски во изјава за медиумите повтори дека нивната порака е јасна: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор што ќе биде под бугарски диктат.

„Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, изјави тој.

Делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав се и потпретседателите Тимчо Муцунски и Алексанадр Николоски, како што информираа од партијата, е во Брисел за да оствари неколку средби со високи претставници на ЕУ.

„Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер. кој што е и претседател на ЕПП, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Главната цел овде во Брисел на делегацијата е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде Владата на ДУИ подржана од СДСМ, рече Мицкоски.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не

Претседателот Стево Пендаровски, кој присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ во Подгорица, изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

„Како што е познато, минатата година гласавме да ја прифатиме европската рамка и тоа беше еден од предусловите да продолжиме со преговори за членство во ЕУ. Веќе е оформрена работна група во рамки на нашето Министерство за правда, составена од ексpерти и политички претставници на партиите во Парламентот. Тие дадоа предлог за содржината на амандманите, па и за влез на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Според најавите, следните две недели би требало таа иницијатива да ги помине процедурите во Владата и потоа да влезе во Парламентот, рече Пендаровски.

Шефот на државата кажа и дека во овој момент постојат разговори на различни политички нивоа, дека неодамна имаше и лидерска средба меѓу премиерот и лидерот на главната опозициска партија, која сè до овој момент има забелешки, приговори и не е согласна да ја поддржи таа измена на Уставот.

„Некакви позитивни чекори напред од таа средба има, меѓутоа далеку сме сè уште од заокружување на тој процес, изјави Пендаровски.

Тој изрази надеж дека до крајот на ноември, додека трае т.н. скрининг процес, ќе ја завршиме таа обврска.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе има средба со новиот амбасадор на Република Чешка, Јарослав Лудва.

Претседателот на Собранието Талата Џафери, пак, рече дека Парламентот во секој момент е подготвен да ја почне постапката за уставни измени. Од моментот кога тие ќе бидат доставени до Собранието од предлагачот до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Засега, како што вели, нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска процедура.

„Собранието секако е подготвено во секој момент како ќе постапат овластените предлагачи, надлежните институции ние сме подготвени да постапиме според процедурите и роковите во Деловникот, изјави Џафери по средбата со новинарите.

Претседателот на Собранието е дециден дека пратениците се во постојано заседание така што дури и да треба да се гласа во август за утврдување на потребата за уставни измени, за нив нема да има никаква пречка.

„За Собранието нема никаква пречка ни август, ни јули, ни септември, рече Џафери.

Во однос на наводите дека вицепремиерот Бојан Маричиќ им се јавувал телефонски на пратеници од опозицијата, Џафери вели дека никој не може никого да го спречи да се јави некому, но, сепак, посочува дека влијание е недопустливо, кога се пратеници во прашање.

 

 

 

 

ФОТО: МИА 

актуелно влада измени собрание уставни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.