Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Членовите на Комисијата, исто така, треба да расправаат и по Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”.
МИА