Вакцините кои Грција како донација ги вети за Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје.
Пред две седмици и македонскиот министер за здравство, Венко Филипче, и портпаролката на грчката влада, Аристотелиа Пелони, ја најавија помошта од јужниот сосед.
На почетокот на месецов, Пелони истакна Грција ќе испрати по 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“ за Македонија и Албанија, откако претходно, Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.