Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло.
Во петок и во сабота ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.







