Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.
Од УХМР информираат дека времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Во сабота ќе биде претпладне ведро и тивко, потоа променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура од -5 до 2, максималната од 8 до 15 степени.
Во недела пак не очекува претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер во источните делови и западен во западните делови.
Минимална температура од -4 до 2 степени, додека максимална од 9 до 16 степени.
Слично време и дожд ќе има и во понеделник, кога максималните температури ќе достигнат 17 степени.
Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.







