Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето
Македонија

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

март 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

– Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соопшти дека нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните.

Наместо тоа, додаваат во соопштението, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика – Од почетокот на глобалното ширење на коронавирусот Ковид-19, ФАО соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето, информираат од ФАО.

Оттаму посочуваат дека истрагите да се разбере епидемиологијата на Ковид-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек.

– Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот, се вели во соопштението.

ФАО ја советува јавноста да земе предвид оти во моментов нема докази дека кучињата играат улога во ширењето на COVID-19. Како општа пракса, се наведува во соопштението, при грижата за кој било вид на животни, секогаш мијте ги рацете пред и после комуникација со нив.

– Луѓето не треба да ракуваат, колат, продаваат, подготвуваат или консумираат месо што потекнува од диви или домашни животни кои се болни или кои умреле од непознати причини. Не треба да се консумира сирово месо од дивеч или необработени јадења кои содржат крв од диви животни. Овие практики ги доведуваат луѓето во висок ризик од заразување со бројни инфекции. Било каква невообичаена болест или смрт кај животните треба да се пријави кај надлежните органи за здравјето на животните, потенцираат од ФАО.

Со цел да придонесе за превенција и контрола на ширењето на корона вирусот, ФАО препорачува сите активности да бидат координирани со еден здравствен пристап, односно тесна соработка меѓу експертите за здравјето кај животните, луѓето и животната средина.

– ФАО континуирано ги следи и споделува информациите за состојбата со коронавирусот на глобално ниво и ги координира активностите за превенција, подготвеност и откривање кај животните во соработка со СЗО и ОИЕ, по принципот на единствен здравствен пристап One Health, се наведува во соопштението.

актуелно корона вирус миленици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.