После постанокот на првата теорија за ексцитониумот пред речиси 50 години, физичарите конечно успеаа да пронајдат докази за постоењето на овој вид на материја, пренесува „Дејли меил“.
Ексцитониумот го сочинуваат честички наречени ексцитони, кои се состојат од одбегнати електрони и празнини кои тие ги оставаат зад себе. Терминот „ексцитониум“ во 1960 година го постави теоретскиот физичар Берт Халперин од Универзитетот Харвард, а физичарите од тогаш се обидуваат да го докажат неговото постоење.
Во најновите експерименти, истражувачите имаа прилика да го набљудуваат овој вид на материја и неговата фаза на прекусор, што се смета за непобитен доказ за неговото постоење.
Кога електронот ќе отскокне и ќе остави зад себе празнина, таа се однесува како честичка затоа што има позитивен набој. Од таа причина привлекува други електрони, спарувајќи ги во композитни честички, познати како бозони или ексцитони.
Екипа од Инженерискиот факултет при Универзитетот во Илиноис ги приучувала кристали без примеси во преодниот метал дихалкогенид титаниум диселен (1T-TiSe2).
Истражувачите успеале да добијат исти резултати во текот на проучувањето на пет видови на кристали со различен степен на кршливост.
„Теоретичарите со децении дискутираат дали е во прашање изолатор, идеален проводник, или можеби супер течност, а аргументите се прилично убедливи на секоја страна“,
Питер Абамонте, професор по физика
За да го пронајдат новиот вид на материја, научниците развиле нова техника, наречена ЕЕЛ, спекстоскопија, која е почуствителна на ексцитација од другите научни методи.
ЕЕЛ спектрометарот потоа го поврзале со гониометар, за прецизно да се измери моментот на импулс на електронот, што на научниците им овозможил по прв пат да измерат осцилација на честички.
Тие дури, се вели, успеале да забележат прекусор ексцитација – фаза на мек плазмон до која се доаѓа кога материјата ќе се приближи до критичната температура.
„Бевме во лабораторијата кога професорот ни објасни дека сме измериле нешто што никому до сега не му пошло од рака: мек плазмон. Овој проект ми прижи интересно и единствено искуство со M-EELS техниката и ме мотивираше на понатамошно проучување на TiSe2“, рекол еден од учениците на Абамонте.
Ова ново откритие би требало да даде одговор на многу прашања од областа на квантната физика.









