Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани
Македонија

Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани

август 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината за Ковид-19, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Посочува дека имаат два механизми во овој момент за набавка, едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација.

– Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Земјите – членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина „Астра зенека”. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно. Вакцината од Оксфорд во земјава ќе стигне преку партнерство и соработка со Полска и ќе биде бесплатна, истакнува Филипче.

Тој ја оценува како стабилна состојбата со пандемијата со Ковид-19 во земјава, поради тоа што не се оптоварени болничките капацитети и поради тоа што неколку недели по ред, процентот на новозаразени е околу 7 проценти. Сепак, здравствениот систем, потенцира, стратешки се подготвува за евентуално лоши есенски сценарија иницирани од комбинацијата на пациенти со грип и на оние со ковид, а можни се и рестриктивни мерки во одредени региони доколку тоа е потребно.

– До крајот на октомври ќе бидат готови и 16 модуларни болници, таканаречени „ковид центри” ширум земјата, во непосредна близина на актуелните болнички капацитети, вели Филипче.

Според него, свеста за значењето на вакцините е подигната, особено по минатогодишната епидемија со морбили.

– Мислам дека апсолутно нема да има отпор, така како што имало во минатото, зашто болеста е тука, свесни сме и за нејзината тешка форма кај некои пациенти и нема да има отпор кај граѓаните тогаш кога вакцината ќе биде достапна. Ова е вирус кој ги напаѓа сите органи и нема правило.

Поголем ризик имаат пациентите со хронична болест. Осумдесет проценти од починатите кај нас се со хронично заболување но, имаше и помлади луѓе без хронична болест, а имаа тешка форма на болеста. Дел од пациентите кои имаа тешка форма на болеста доцна доаѓаа во болница што ги намалува шансите лекарствата да имаат ефект, зашто се во поодмината фаза на болеста. Имаше пациенти кои се јавуваа во болница со врзување на крвта од 20 проценти, а нормално е 96 проценти и тие завршуваа со смртен исход. Тие што доаѓаа со 60 до 80 проценти сатурација, имаа ефект. За исходот на лекувањето важно е пациентите навремено да се јавуваат во болниците, вели Филипче.

Во врска со тоа дали ќе има некаков финансиски надоместок и подигнување на платите на вработените во болницата „8 Септември” која се трансформираше во ковид центар, министерот посочува дека работат на обезбедување средства во Фондот за здравствено осигурување за луѓето кои директно работат со овие пациенти да добијат зголемување на сумата за дежурства, бидејќи сега оваа сума е помала од онаа што ја земаат колегите на Клиниката за инфективни болести, каде работат со истата група пациенти.

– Имавме неколку средби со претставници на синдикатот и со директорот на болницата и за многу кратко време тие ќе земаат за 50 проценти повисок надоместок од сегашниот, за дежурства, истакнува Филипче.

Тој нагласува дека продолжуваат со инвестиции во платите на здравствените работници, со реновирање на здравствените установи и со инвестицијата во клиничкиот центар.

актуелно бесплатни вакцини граѓани Ковид-19 филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.