Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица
Македонија

Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица

септември 22, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ и коалицијата денеска ќе поднесат предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците, со кој се предлага дополнителна помош за повеќе земјоделски производители. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, мерките се подготвени врз основа на барањата на земјоделците и проблемите со откупот и ниските откупни цени.

За лозарите се предлага финансиска поддршка од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето, предвидена е дополнителна поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.

Предлогот предвидува и 10 денари за килограм продадена ајварка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар засадена површина.

За производителите на пченица се предлага поддршка од 5 денари за килограм, без оглед дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

Опфатени се и сточарите, за кои се предлага помош од 8.000 денари по грло добиток. Услов е тие да биле опфатени со програмата за 2025 година и да бидат евидентирани и за 2026 година.

За оризопроизводителите се предлага поддршка од 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Филипче посочи дека помошта би била дополнување на редовните директни плаќања и другите мерки за 2026 година, а исплатата преку Платежната агенција, според предлогот, треба да заврши најдоцна до 31 декември.

Тој нагласи дека со предлог-законот се опфаќаат и производителите кои не можат да го пласираат својот род, особено лозарите, за кои, како што рече, субвенциите не се доволни доколку нема откуп.

актуелно грозје закон земјоделци сдсм филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.