Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август
Македонија

Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август

јули 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август.

„Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места итн, нагласи Филипче при посетата на Клиничката болница во Битола.

Тој посочи дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа.

„Искрено верувам дека така и ќе продолжиме. Околу 33 илјади жители во Битола се вакцинирани, од тоа 23 илјади се ревакцинирани. Тука вакцинацијата ќе продолжи во Здравствениот дом, кој сега веќе е целосно реновиран, сите простории се опфатени вклучувајќи ги вакциналните пунктови. И изминатава недела имаме прилично висок процент за вакцинација што сметам дека е многу добро и се надевам дека така и ќе продолжи, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на вакцинацијата на децата, тој потенцира дека немаат во план, како за нив, така и за возрасните да наметнат правила и таа да биде задолжителна.

„Апсолутно, ниту за училишта, ниту за средни, ниту за факултети итн. Меѓутоа, во овие места кај што има ризик за големи собири, тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти, постари луѓе. Така што допрва ќе разговараме за мерките. Како и се до сега што добро го осмислувавме и добро го димензиониравме сакаме и овие евентуални мерки да бидат добро осмислени со цел да продолжи нормално животот. Ние не можеме да живееме ниту затворени, ниту со рестрикции, ниту да трпи повеќе економијата посебно сега кога има вакцина на располагање, истакна Филипче.

Во однос на количината на вакцини, тој појасни, дека секој понеделник стигнуваат меѓу 20 и 30 илјади вакцини и тоа е комбинација од директниот договор со компанијата „Фајзер“ и помошта што стигнува преку земјите членки на ЕУ.

Филипче потенцира дека за третиот и четвртиот квартал само од директниот договор вкупно треба да стигнат 700 илјади вакцини „Фајзер“, што, според него, е сосема доволно и во овој момент има доволно вакцини.

„На територијата на цела држава опфатот со вакцинација на граѓаните над 70 години е 63 проценти, над 50 години е 45 проценти. Понатаму како се намалува возрасната група опаѓа и опфатот со вакцинацијата, додаде Филипче.

август актуелно мерки филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.