Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Наскоро ќе промовираме план за дополнителни рестрикции
Во Фокусот

Филипче: Наскоро ќе промовираме план за дополнителни рестрикции

август 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Здравстевниот систем се подготвува за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик“, нагласува Филипче.

Тој во интервју за мкд.мк потенцира дека во опција како една од мерките е и враќање на полицискиот час, затворање на училиштата и угостителските објекти и забрана за собири, додавајќи дека во планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап.

Според него, полошо сценарио би значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид.

„Точно предвидување никој не може да каже, ниту една од земјите и во регионот и во Европа немала есен со пандемијата“, додава Филипче.

Во тој контекст е и подготовката на 16 ковид-центри и монтажни болници кои би тренало да почнат со работа од наесен.

„И клиниките и болниците имаат план кој од нивните експерти ќе ги менаџира тие мобилни болници, а целта е ковид-пациентите физички целосно да се одвојат од останатите. Мислам дека тоа е еден одличен систем. Со тој план што го направија со надополнување на бројот на инфектолози, со лекари специјалисти од интерна медицина, можноста да ги регрутираме овие лекари и од примарното здравство, да, ќе може да се менаџира“, истакнува Филипче.

Тој напоменува дека во такви услови особено мора да се биде внимателен со децата, потенцирајќи дека смета оти предлогот на Комисијата за заразни болести за настава до трето одделение со физичко присуство, а за другите онлајн, е сосема солиден.

„Нашите препораки се темелат на епидемиолошките сознанија, а Министерството за образование и наука треба да одговори за другите предизвици. Апсолутно мислам дека е солидна препораката за од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите“, вели Филипче, додавајќи дека доколу родителите не се согласат со ваквиот предлог тогаш треба да има и онлајн-модел.

Во услови кога се испитуваат повеќе вакцини против КОВИД-19, министерот за здравство смета дека оптимистичко сценарио е вакцината да биде достапна на почетокот на 2021 година.

„Аплициравме за ковакс-механизмот на СЗО, којшто би ги дистрибуирал вакцините тогаш кога секоја ќе дојде до производителите. Немаме доволно сознанија за тоа до каде се вакцините. Компаниите што се пријавени во ковакс се блиску до третата фаза на клиничко испитување. Мислам дека е оптимистичко сценарио на светот да му биде достапна вакцина во почетокот на следната година. Тие што се најнапред во процесот. За руската (вакцина) немаме многу сознанија, сè уште истражуваат нашите експерти“, потенцира Филипче.

Тој нагласува дека од почеток на појавата на епедимијата било укажувано дека здравствениот систем и здравствените работници не можат сами да ја изменаџираат кризата и затоа од исклучителна важност е свеста кај граѓаните и почитувањето на мерките.

„Има сериозен дел од граѓаните што ги почитуваат, меѓутоа има исто сериозен дел што не ги почитуваат. Оваа здравствена криза нам ни наметна живеење по некои правила и многу е битно граѓаните да сфатат дека ова станува дел од здравствената култура. Има постојано апели, има примери, има луѓе со тешка форма на болеста, има луѓе што загубија блиски членови на семејството. Болеста е тука и постои, мора да се свесни граѓаните дека се самите одговорни за своето здравје ако не водат сметка. Јасни се принципите за превенција и ширење на вирусот“, потенцира Филипче.

 

актуелно рестрикции филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.