Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни
Во Фокусот

Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни

декември 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на Tематскиот форум
„Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.

Според него, неблагодарно е да се каже дали ова ќе биде тренд или ќе продолжи да се шири.

„Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели–да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, пратиме како ќе биде овој период пред нас“, рече Филипче.

Тој потенцира дека не може да има еден идентичен проткол за лекување од оваа болест.

„Секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар. Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентиот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш не враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус“, рече Филипче.

Во однос на тестирањето, според Филипче, брзите тестови кои се на располагање малку ја променија сликата и најави дека ќе биде дистрибуирано дополнително количество тестови.

„Имаме некои најави дека има некои специфични лекови, тоа се оние специфични моноклонални антитела кои директно помагаат за оваа болест. Ни се понуди и аплициравме, ЕУ ни понуди да бидеме дел од заедничката набавка тогаш кога ќе биде на располагање. Така да влеговме во тој систем, доколку тој лек се потврди за да биде конкретно наменет“, заклучи Филипче.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против Ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.

Тој посочи дека едно од основните цели во овој акциски план е и подигање на јавната свест и совест на населението за почитување и примена на мерките и препораките за лична заштита.

Според него, невладиниот сектор има голема улога во јакнење на јавната свест, а очекува во иднина и да биде уште поголема.

Ангелов истакна дека на седниците на главниот штаб и главниот кооординативен кризен штаб доаѓаат до заклучок дека одредени мерки мора да останат на ниво на препораки, бидјеќи доколку бидат воведени забрани, тие би се коселе со одредени слободи и права на граѓанинот кои се предвидени во Устанот, како што беше на пример забрана за собирање на повеќе од четири лица.

„Веднаш потоа би укажал дека како Главен штаб во акцискиот план е предвидено и зајакнување на надзорот и контролата за почитувањето на мерките, но и препораките и ова спаѓа и во делот на Министерството за внатрешни работи и во делот на некои инспекции како што е државната пазарна инспекција“, додаде Ангелов.

Тој појасни дека работат и на вклучување на сили од страна на Армијата.

„Знаете дека со наредба на врховниот командат поради прогласената кризна состојба, дадена е наредба за помагање од Армијата и би го укажал првиот сегмент, а тоа е помагање на секторот здравство, односно на јавното здравство во кое се вклучени 15 армиски доктори, односно 15 доктори од Министерството за одбрана, 22 сестри и пет возачи со пет возила кои се вклучени во Итната медициска помош“, додаде тој.

Ангелов додаде дека Армијата ја има улога за поддршка на полицијата во обезбедеување на ковид-центрите.

Како што информира тој, во Скопје се ангажирани осум припадници на полицијата и 22 припадници во Армијата или вкупно 30.

На ниво на држава има 19 полицајци и 33 припадници на Армијата или вкупно 52.

„Денес во овој момент околу 80-тина припадници на полицјата и армијата работат на обезбедување на ковид-центрите, но и на други здравствени установи кои се побарани од министертвото за здравство“, посочи Ангелов.

актуелно вирус Р0 фактор трансмисија филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.