Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Состојбата целосно под контрола, нема причина за паника за коронавирусот во нашата држава
Во Фокусот

Филипче: Состојбата целосно под контрола, нема причина за паника за коронавирусот во нашата држава

јануари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„ Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во овој момент не гледа ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирусот во нашата земја.

Уверува дека работата целосно е под контрола. Досега нема регистрирано сомнителни случаи туку, како што рече, има вообичаен број заболени од грип.

„Поминуваат сите патници кои доаѓаат со летовите кои имаат врска со поширокиот регион на Вухан, со оглед на тоа што сега тој град е целосно затворен. Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и од Дубаи. Мојата информација е дека утрово летот од Истанбул бил откажан, односно одложен за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Камерата беше поставена во текот на вчерашниот ден, целосно избаждарена. Направен е распоред на лекари епидемиолози од Центарот за јавно здравје, како согласно редот на летање ќе бидат присутни за време на скенирањето, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за коронавирусот.

Информира дека вчера имале работен состанок со директорот на ТАВ и, како што рече, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, многу блиску потенцијално ако треба да се користи собата за изолација, но и од практичен аспект за камерата цело време да биде поставена на едно место.

„Доколку се детектира дека некој од патниците има покачена телесна температура, првиот чекор е интервју со епидемиолозите дали доаѓа од Кина и дали имал контакт со некој заразен. Тие имаат терк, еден алгоритам по кој се постапува. Доколку има таков случај исто така има протокол за изолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат кој веќе е предвиден со тој алгоритам, со посебно возило на Брза помош само за таа цел на Инфективната клиника во Скопје. Доколку нема некакви симптоми кои може да се предмет на паника, ние во текот на денешниот ден преку Управата за цивилно воздухопловство ги очекуваме од авионските компании и однапред пациентите кои доаѓаат од овие градови, а доаѓаат од поширокиот регион на Вухан, изјави Филипче.

Додаде дека однапред и пред скенирањето знаат колку пациенти, потенцијално заразени можат да очекуваме. На некој начин, како што рече, имаме дупла сигурност, сите од нив ќе бидат интервјуирани и ќе знаеме како ќе се постапува.

Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина, доколку почувствува некои симптоми ќе оди по нормалниот тек на матичен лекар, Инфективна клиника. Филипче најави дека во текот на денот ќе бидат дистрибуирани флаери на аеродромот со посебен телефонски број и секој што доаѓа ќе има можност да се јави.

Информира дека утрово имале работен состанок со претставници на Институтот за јавно здравје, а вчера исконтактирале и со Кинеската амбасада во нашата земја.

– Тие денеска ќе ни кажат колку од 50 луѓе кои кај нас се регистрирани, кој на постојан, а кој на привремен престој се на патување во Кина и кога се очекува да се вратат и од кој регион се. Работата целосно е под контрола. Не гледам во овој момент ниту една причина за некаков ризик или паника, уверува Филипче.

Филипче изјави дека единствена група на македонски граѓани кои биле во Кина, но на 2.000 километри оддалеченост од градот Вухан е една актерска група од МНТ. Појасни дека искомуницирале со нив, тие се скенирани излезно кога го напуштале аеродромот во Пекинг и скенирани со термална камера во Истанбул. Филипче вели дека за време на разговорот, во текот на вчерашниот ден, односно во неделата, тие изјавиле дека немаат никакви симптоми.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека во однос на коронавирусот постапиле согласно препораките на Светската здравствена организација. Термалната камера, како што рече, се постави и од тогаш се функционира во најдобар ред.

актуелно коронавирус филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026

Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.