Во кино „Одеон“ во Софија вечер од18.30 часот ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказна во слики“ ворежија на Роберт Јанкулоски, кој ја прикажува фотографската работа наЈанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Балканот.
„По успешното претставување на Роберт Јанкулоски во Софија со својафотографска изложба минатата година, како и поради интересот на публиката прикажувањето на филмот да се случи уште еднаш во Софија, авторот ќе пристигне за проекцијата на својот филм и пред гледачите во кино „Одеон“ ќе го претстави своето и делото на браќата Манаки, соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија.
Приказната во филмот се раскажува преку оригинални документарнифотографии следејќи ја работата на Манаки од отворањето на првотопрофесионално студио во 1898 година во Јанина и подоцна селењето во Битола.
Проекцијата се реализира во соработка со Бугарската национална филмотека и со помош на македонскиот КИЦ во Софија.