Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги казни Англија и Уругвај со вкупно 120.000 швајцарски франци поради кршење на маркетингшките права во текот на Светското првенство.
Фудбалскиот сојуз на Англија е казнет со 70.000 швајцарски франци затоа што неколку играчи од таа селекција во текот на загревањето пред натпреварот со Шведска на својата спортска опрема носеле лого на компании кои не се спонзори на Мундијалот.
Уругвајскиот сојуз, пак, на сметката на ФИФА како казна за сторен прекршок ќе мора да уплати 50.000 швајцарски франци, затоа што еден играч од репрезентацијата носел неодобрен бренд на чорапи на натпреварот против Франција.
ФИФА за ист таков прекршок претходно ја казни Шведска со 70.000 швајцарски франци.







