Катар има цела низа проблеми при организацијата на Светското првенство, од логистички преку политички до многу други.
Се чини дека се подготвува бунт против ФИФА. Дури осум репрезентации кои играат на Мундијалот се спротивставија на одлуката на светската куќа на фудбалот да го забрани носењето на „Една љубов“ (One Love) капитенската лента, која ги промовира правата на ЛГБТ на натпреварите на Светското првенство.
ФИФА има цел план за тоа во кое коло кои пораки ќе се носат на капитенските ленти, а нема лента „Една љубов“.
Поради ова протестираа Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Данска, Велс, Франција и Белгија, како и Шведска и Норвешка кои не играат на овој Мундијал.