Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+
Економија

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+

јуни 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кредитната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+ што е прво зголемување по 13 години. Тоа, според министерот за финансии Драган Тевдовски, е најдобра потврда за исправноста на политиките што ги презема Владата и оти економијата се движи во вистинска насока.

-Ова е голем успех за нашата земја и големо признание за Министерството за финансии. Кредитниот рејтинг на една земја е еден од најважните индикатори за потенцијалните инвеститори кога ги носат своите одлуки за инвестирање. Тоа што сега ни е зголемен кредитниот рејтинг значи дека позитивно ќе влијае на нивните одлуки. Минатата година заради добрата насока во која се движи земјава прво меѓународните финансиски инвеститори многу подобро не евалуираа пред се преку каматната стапка која ја добивме за еврообврзницата, а потоа и преку приносите на еврообврзниците кои котираат на меѓународниот пазар. Сега ова е уште еден чекор во позитивна насока, бидејќи и рејтинг агенција се одлучи да го зголеми нашиот кредитен рејтинг, рече Тевдовски на денешната прес-конференција во Министерството за финансии, посочувајќи дека последен пат во земјава кредитниот рејтинг е зголемен во 2006 година.

Тој нагласи дека зголемувањето на кредитниот рејтинг ќе има позитивно влијание на инвеститорите поради што може да очекуваме повеќе инвестиции од нивна страна, но ќе има влијание и да се зголеми извозот, да се отвораат работни места, да растат платите, да расте економскиот стандард на граѓаните и да има повисок економски раст, како и на намалувањето на трошоците за долгот на државата, бидејќи, како што рече, во иднина може да се очекуваат заштеди во каматите.

-Во извештајот Фич истакнува дека се направени позитивни чекори во поглед на евроатлантските интеграции на земјава и се дава признание за добро поставената фискална политика. Јасно се потенцира дека реформите кои се направени во фискалниот дел ги намалуваат надолните ризици во системот за јавните финансии, особено се потенцирани буџетската транспарентност и воведувањето на фискалното правило за општините, рече Тевдовски.

Советникот на министерот Тевдовски, Рилинд Кабаши, посочи дека Фич нотира оти подобрената политичка ситуација и напредокот на реформите се основа за економското закрепнување на земјава.

-Проекциите за економскиот раст се многу слични на оние на Министерството за финансии и се забележува дека основата на растот е широка. Покрај солидната лична потрошувачка тука се и закрепнувањето на домашните инвестиции, се коментира и пазарот на труд, падот на невработеноста, … Во делот на фискалната политика Фич очекува буџетски дефицит кој е речиси ист со оној на Министерството за финансии за оваа и за наредната година. Проекциите за државниот долг се во линија што укажува дека Министерството за финансии и Владата ја базираат својата политика на реалистични проекции, рече Кабаши.

Додаде дека Фич нотира оти рејтингот е поддржан од историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика и дека имаме подобри индикатори на владеење и човечки развој, подобри услови за водење бизнис од споредливата група на слични земји.

Министерот за финансии нагласи дека земјава годинава не планира да издаде нова еврообврзница и додаде дека транспарентно ќе известат кога ќе имаат одлука за ребаланс. Најави дека во текот на следната недела ќе ги соопштат деталите за проектот за новата реформа за поврат на дел од ДДВ за граѓаните.

Прашан дали очекува да го зафати „метлата“ Тевдовски рече дека е целосно посветен на реформите и оти негова задача е да ги помести напред работите.

-Тоа го правиме и добивањето потврда од респектабилна меѓународна институција кажува дека во фискалниот сектор одиме со големи чекори напред. Од друга страна имам целосна поддршка за премиерот и неговите одлуки, бидејќи тој направи за многу кратко време земјава да оди во вистинска насока и да се отворат перспективите за евроатлантски интеграции кои се огромна поддршка за нас кои работиме во сферата на економијата или јавните финансии, рече Тевдовски.

кредитен рејтинг фич
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.