Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Форбс“: Црна Гора чека пресуда од Конгресот за влез во НАТО
Во Фокусот

„Форбс“: Црна Гора чека пресуда од Конгресот за влез во НАТО

март 13, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Црна Гора очекуваше да се забрза нејзиниот прием во НАТО пред да стане „непредвидливиот“ Доналд Трамп претседател, пишува магазинот „Форбс“, наведувајќи дека заговорниците за членство на таа „микро држава“ како еден од главните аргументи истакнуваат дека, во случај на откажување на членство на Црна Гора во НАТО, тоа ќе биде показател дека Москва има „незабележително“ влијание на американската политика.

„Форбс“ наведува дека клучно прашање е за што служат сојузите кои Америка ги прави, а како одговор наведува дека тоа е за заштита на американските интереси и истакнува дека претседателот треба да ја повлече резолуцијата на Обама за ратификација на членството на Црна Гора во НАТО.

Новинарот на „Форбс“, Даг Бандоу, во текстот наведува дека црногорците „имаат 1.950 луѓе под оружје, војска која брои 875 лица и која има осум борбени возила и неколку парчиња противтенковско оружје“.

Црногорската морнарица има шест бродови, а авијацијата четири авиони и неколку хелихоптери што, според пишувањето на магазинот, тешко би ја запреле руската војска на нејзиниот пат кон Берлин или Париз.

Еден од главните лобисти за членство на Црна Гора во американскиот Сенат, Мајкл Халцел, како аргумент го истакнува податокот дека „официјална Подгорица испратила четири војници во Авганистан“, што е добар потег за да се обезбеди прифаќање на „големите момчиња во нивниот клуб“, констатира „Форбс“.

Истовремено, Халцел наведува и дека таа држава е на добар пат до 2020 година да ги исполни бараните два отсто од БДП-то за вложување во одбраната“, што е едно од главните барања на НАТО и Вашингтон, кое 80 проценти од членките на Алијансата не го исполнуваат.

„Конечно, секој бенефит носи со себе висока цена. Вашингтон попрво би потрошил повеќе пари за помош на Подгорица, за да се достигнат стандардите на сојузот. Уште повеќе, би се очекувало, ако Црна Гора влезе во НАТО, дека САД оди во војна, во вистинска војна, ако е тоа потребно, во црногорско име. Никој не замислува дека другата страна тоа истото ќе го направи, за да ја заштити Америка“, се наведува во текстот и се додава дека тоа што Црна Гора беше прекрасна локација за снимање на филм за Џемс Бонд нема многу да допринесе за американската безбедност.

Авторот на текстот наведува и дека „не е сосем јасно кои се Црногорците“ и потсетува дека Србија и Црна Гора се раздвоија, а Русија и Владимир Путин јавно не ја додадоа Подгорица на својата „освојувачка листа“.

Никој нема очигледни аспирации кон „микро-државата“ која има помалку луѓе од одделни типични американски дистрикти, наведува „Форбс“, заради што се поставува прашањето зошто таква држава би требало да добие право на глас и работи во нешто што би требало да претставува сериозна воена организација во која Вашингтон очекува да се работи тешка работа без оглед на судирите.

Халцел тврди дека Подгорица заслужила „да добие право да се приклучи во НАТО“, но дека Вашингтон нема обврска да брани која било друга држава.

„Форбс“ пишува дека Подгорица не негува европски стил на либерална демократија, дека „Фридом хаус“ ја оцени како „делумно слободна“ држава и наведува дека подобро би било да се охрабри земјата да се фокусира на исполнување на критериумите за членство во ЕУ со што би се задоволиле желбите земјата да се приближи кон Западот.

Уште повеќе, според истражувањето спроведено во декември се покажа дека Црногорците се остро поделени кон политиката и НАТО – 39,7 отсто од населението се спротиставува на влезот на земјата во Алијансата, додека за членство се 39,5 отсто, што не може да се нарече „силна посветеност“ на воениот сојуз со теоретски сериозна безбедносна одговорност.

„Алијансата не е еквивалент на некој меѓународен господарски клуб во кој секој угледен граѓанин сака да се зачлени, туку е тоа свечена обврска дека ќе се вложи државното богатство и животите. За САД тоа значи дека нејзината безбедност е под ризик“, пишува „Форбс“.

Еден од највоинствените членови на Сенатот, Линдзи Грејем, го опиша членството како „јасен сигнал на нашите пријатели во Црна Гора и на Русите како се чувствуваме“, меѓутоа, не е јасно што претставува тој сигнал.

„Форбс“ пишува и дека Подгорица тврди дека Русија неодамна организирала државен удар, иако вистината и понатаму е нејасна, а политичките поделби во земјата се многу очигледни.

„Во секој случај, членството во НАТО не нуди никаква гаранција за демократско управување, а можете да проверите со десетиците илјади уапсени Турци после неуспешниот пуч во таа земја кои се најдоа на патот на Ердоган да управува со земјата, членка на НАТО, во стилот на Путин“, наведува медиумот и додава дека единствен аргумент за прием на Црна Гора е праќање на јасен сигнал дека Алијансата продолжува да се шири и кон нови членки, неповрзано со тоа колку членките се неважни.

„Форбс“ потсетува дека НАТО настанал за време на „студената војна“, за да се спречи доминацијата на СССР во евроазија, како и тоа дека Вашингтон имал за цел да го спречи продорот на Советите во Западна Германија, а не да ги ослободи нациите на веќе окупираниот исток.

За жал, експанзијата заради просто ширење е „глупава политика која САД и Европа веќе ја доведе во неволја“.

Наместо „излевање“ на конвенционална мудрост, администрацијата на Трамп би требало да инсистира американската надворешна политика да биде базирана на реализтична перспектива, која ќе се фокусира на американски интереси, заклучува „Форбс“.

Европа НАТО САД форбс црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.