Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Форум „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“
Македонија

Форум „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“

јуни 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата, по повод две години од нејзиното формирање, денеска организира форум со учество на премиерот, вицепремиерите, универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

На форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, ќе се одржат две сесии На првата сесија „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“ ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Втората сесија е насловена „Агенда 2019 – 2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“. Покрај премиерот Заев најавени се обраќања на новинарот Томислав Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, претседателот на МАНУ Таки Фити, претседателката на НВО „Амбрела“ и граѓанска активистка Љатифа Шиковска, директорката на „Хелсиншки комитет за човекови права“, Уранија Пировска,
претприемачот Коста Петров и претседателот на Управен одбор на „НЛБ Банка АД Скопје“ Антонио Аргир.

Дискусијата ќе ја модерира Џабир Дерала, претседател на Цивил – центар за слобода.

Актуелниот владин состав беше избран во Собранието на 31 мај 2017 година.

Во обраќањето пред пратениците пред две години премиерот Заев најави дека неговиот кабинет, кој брои 25 министри, ќе работи на реформи во судството, Парламентот, тајните служби, медиумите, институциите,.. како и на развој на економијата и подобрување на стандардот на граѓаните, зголемување на минималната и просечната плата.

Наша цел, рече тогаш Заев, е почеток на преговори со ЕУ и членство во НАТО во најкраток рок.

На надворешно-политички план работата на Владата ја одбележаа преговорите со Грција за долгогодишниот спор за разликите околу името, коишто беа заокружени со Преспанскиот договор на 17 јуни минатата година, измените на Уставот за стапување во сила на Договорот, а по што следеше и потпишување на Протоколот за членство во НАТО и стартуваше неговата ратификација.

Претходно, Владата на Заев го потпиша и Договорот за добрососедство со Бугарија.

За интеграциите во Европската унија, пак, државата доби безусловна препорака да почне преговори, Владата очекува одлука за нивен старт месецов, а дали тоа ќе се случи ќе се знае по претстојниот состанок на Советот на ЕУ во Луксмебург.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вчера од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на држвава.

Османи е дециден дека оваа година почнува преговори иако не се знае дали тоа ќе биде на јунско-јулските самити или потоа и ги повика граѓаните да бидат оптимисти и горди на тоа што сме го постигнале, а што е нотирано во Извештајот на Европската комисија.

Една година по изборот на Владата во Собранието се случи првата реконструкција кога беа избрани четворица нови министри во ресорите  правда, образование, култура, и еден без ресор за странски инвестиции.

Најавата за втората реконструкција се случи пред заокружувањето на две години од владеењето на Владата на Заев.

Промените беа најавени по  резултатите од првиот круг на неодамнешните Претседателски избори.

Премиерот најави нова реконструкција, а имињата на новите министри и за останатите кадровски промени рече дека ќе ги соопшти до средината на месецов.

актуелно влада форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.