Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ФОТО) Овошните насади уништени, огромни штетите по невремето во Преспа и Охридско
Локално

(ФОТО) Овошните насади уништени, огромни штетите по невремето во Преспа и Охридско

јули 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Откорнати дрвја, искршени автомобили и камп приколки, откорнати кровови од куќи и помошни објекти, уништени овоштарници и земјоделски насади, искршени електрични столбови, е само дел од сликата во Долна Преспа по синоќешното невреме, во кое за помалку од половина час опустоши се во овој крај.

Силен дожд, ветер и град ги зафатија селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“: Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно, а некои од селата беа и со отсечени патишта. Повозрасните жители велат дека не паметат вакво невреме во Преспанскиот регион.

Според првичните проценки од терен предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени. Во овој регион овошните насади претрпеле штета од скоро 100 отсто, а првично не може да се каже колкава е штетата на објектите. Скоро 20 часа по невремето општина Ресен уште нема електрична енергија, поради претрпените штети на електричните столбови.

Екипи на јавните претпријатија од Ресен, Пожарната служба и ЕВН се на терен работат на расчистување на последиците од невремето. Огромни штети, како што велат очевидци, имало во автокапмот Крани, каде биле искршени камп приколки и автомобили.

Во обиколка на Долно Преспанските села е и градоначалникот Живко Гошаревски придуржуван од министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Оливер Спасовски и Трајан Димковски.

Министерот Спасовски изјави дека веднаш се преземени мерки пред се за да се заштитат животите на луѓето, и активирани се сите владини и локални служби со цел побрзо да се санира состојбата.

– Владата на РСМ ќе ги ангажира сите можни капацитети, од една страна да се проценат штетите дали се тоа на земјоделски производи или објекти, да видиме колкава е штетата, и од друга страна што побрзо да се санираат штетите. Веќе стапивме во контакт со ЕВН за да можат да се оспособи и мрежата, за електрична енергија да добијат местата каде што поради невремето нема струја, а со тоа и голем дел од населените места да имаат чиста вода за пиење. Ќе се работи интензивно, треба време за да ги санираме состојбите, но државата е целосно на располагање заедно со локалната самоуправа, и граѓаните од преспанскиот регион треба да бидат спокојни, ќе направиме се за да ја санираме состојбата и дa се проценат материјалните штетите од невремето, изјави Спасовски.

Министерот Димковски потенцираше дека невремето предизвика големи штети врз земјоделските површини во преспанскиот регион, конкретно кај овошните насади, додавајќи дека МЗШВ веќе работи на мерки преку Програмата за рурален развој за заштита од временски непогоди, како што е авионското засејување на облаците.

– Не само што плодот е уништен, од силното невреме и самите дрвја на
овошките се уништени. Ние сме постојна координација со градоначалникот, екипите ќе извршат проценка на штетите. Освен што ќе се прави проценка на принос, односно колкава е штетата на овошките, јаболката, ќе се прави и проценка на основни средства односно колкави се штетите на самите дрвја, и се тоа ќе влезе во елаборатите кои ќе се достават до владина комисија и потоа ќе се види колкава е проценката, рече Димковски.

– На терен сме од синоќа, комуницираме со населението, онаму каде што можеме и каде што има потреба да помогнеме. Наши екипи се на терен, работат на расчистување на последиците од невремето. Медицински тимови беа во обиколка на погодените населени места, доколку имаше потреба да интервенираат, но освен кај исплашени граѓани, немало некоја посериозна интервенција, изјави за МИА Гошаревски.

Силно невреме проследено со дожд и силен ветер синоќа го зафати и Охридскиот регион, односно туристичките населби Трпејца, Љубаништа и автокампот кај „Свети Наум“. Туристите кои престојувале во овие локалитети сведочат за страотна глетка, акде за 20-тина минути имало, како што велат, вистинско „цунами“.

Штета има регистрирано кај камп приколките во „Свети Наум“, автокампот Љубаниште, и во Трпејца, но покрај откорнати дрвја, превртени приколки и искршени автомобили не се пријавени повредени лица.

актуелно насади невреме уништени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.