Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фракција на „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Пакистан
СВЕТ

Фракција на „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Пакистан

август 1, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Авганистански огранок на „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Пакистан во кој на изборен митинг на загинаа најмалку 54 лица, јавуваат светските агенции. Нападот, кој се случи во неделата, е еден од најсмртоносните во регионот во последните неколку години. 

„Исламска држава“ во провинцијата Хорасан ја презеде одговорноста за нападот преку соопштение објавено вчера на веб-страницата Амак. Се вели дека напаѓачот активирал елек со експлозив.

Според официјални претставници, во бомбашкиот напад во неделата загинаа 54 лица, меѓу кои најмалку пет деца, а беа ранети речиси 200.

Нападот, според агнециите, ги одразува поделбите меѓу исламистичките групи, кои имаат силно упориште во областа во провинцијата Хајбер Пахтунхва која граничи со Авганистан, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Исламската партија Џамијат Улема има врски со авганистанските и пакистанските талибанци.

Инаку, пакистанската полиција веќе сугерираше дека зад нападот стои припадници на „Исламска држава“ во провинцијата Хорасан. Групата е со седиште во соседната авганистанска провинција Нангархар и е ривал на авганистанските талибанци и Ал Каеда.

Пакистанската војска со години се бори против пакистанските талибанци, познати и како Техрик-е-Талибан Пакистан или ТТП, во Баџур пред да го прогласи округот чист од милитанти во 2016 година. Сепак, исламската партија Џамијат Улема, предводена од тврдокорниот свештеник и политичар Фазлур Реман, остана моќна политичка сила.

Десетици лица кои биле полесни повреди во нападот се отпуштени од болница, додека тешко повредените со воени хеликоптери се пренесени во главниот град на провинцијата Пешевар. Бројот на жртвите во меѓувреме се зголеми бидејќи некои од тешко ранетите починаа во болница, изјави лекарот Ѓул Насиб.

Инаку, партијата на Реман се подготвува за избори, кои се очекуваат во октомври или ноември. Абдул Рашид, еден од лидерите на партијата, рече дека нападот имал за цел да ја ослабне партијата, но дека „тие не можат да ја намалат нашата одлучност“.

Партијата на Реман е дел од коалициската влада на премиерот Шехбаз Шариф, која дојде на власт во април 2022 година откако го собори поранешниот премиер Имран Кан со гласање недоверба во парламентот.

Шариф, како што пренесуваат агенции му се јавил на Реман да му изрази сочувство и го уверил свештеникот дека оние што го организирале нападот ќе бидат казнети. Кан го осуди бомбашкиот напад во неделата. Осуда стигна и од  амбасадите на Соединетите Американски Држави и Русија во Исламабад.

Пакистанските талибанци, исто така, се оградија од нападот, велејќи дека тој има за цел да ги сврти исламистите еден против друг.

Инаку, нападот се случи неколку часа пред кинескиот вицепремиер Хе Лифенг да пристигне во Исламабад, каде што потпиша нови договори за зајакнување на трговските и економските врски по повод деценијата на кинеско-пакистанскиот економски коридор, во рамките на кој Кина инвестираше 10 милијарди долари во Пакистан во изминатите десет години.

„Нема да толерираме никакви пречки на патот на пријателството со Кина“рече Шариф.

Некои кинески државјани, исто така, беа цел на милитантите во северозападен Пакистан и на други места.

Реман, долгогодишен поддржувач на авганистанската талибанска влада, преживеа најмалку два бомбашки напади од висок профил во 2011 и 2014 година, кога во експлозии беше оштетен неговиот автомобил на митинзи.

Нападот во неделата беше еден од најтешките во северозападен Пакистан во последната деценија. Во 2014 година, 147 луѓе, главно ученици, беа убиени во напад на талибанците врз армиско училиште во Пешевар.

Во јануари 74 лица загинаа во бомбашки напад врз џамија во Пешевар. И во февруари, повеќе од 100 луѓе, главно полицајци, беа убиени во бомбашки напад на џамија во силно обезбедуваната зграда во која се наоѓа полицискиот штаб во Пешевар.

 

актуелно бомбашки исламска држава напад напади Пакистан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.