Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние оцени дека според неговото искуство како набљудувач на вчерниот втор круг од локалните избори, тие поминале мирно, а Македонија покажала дека освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили ја одиграле улогата која што им припаѓа.
„Јас вчера бев набљудувач и најчесто во текот на денот се досадувавме. И бев среќен што се досадувавме затоа што, сепак, постои сѐ уште простор за одредени напредоци. Затоа што и старите земји-членки на Европа понекогаш се соочуваат со потешкотии во текот на изборите.
„Но, сепак има правни рамки што овозможуваат да се надминат сите тие потешкотии. Со тоа се покажува дека Македонија, освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили си ја одигруваат улогата што им припаѓа, односно, од една страна имаме мнозинска Влада што треба да си ја одигрува својата улога, но исто така од друга страна и демократска опозиција, рече Тимоние.
Тој денеска одржа предавање на Факултетот за безбедност-Скопје во рамки на Дипломатскиот форум на тема „Француската надворешна политика, Европската Унија и Балканот“.







