Израелската војска соопшти дека до сега биле истрелани 3.100 ракети од Газа на Израел.
Според извори на ИДФ, од 2.968 ракети дури 439 паднаа внатре во појасот Газа, односно 15 отсто од лансираните. Биле соборени 1.210.
Како последица од неуспешно лансирање животот го загубиле 20 Палестинци.
До овој момент, според овие информации, Хамас и Исламски џихад истрелале 3.100 ракети, што претставува најголем број на лансирања на дневно ниво во сите досегашни израелско-палестински војни и судири.