Полицијата на Хамбург се подготвува за голем протест на антиглобалистите пред самитот Г-20, јави ТАСС.
Денешните протести против самитот се одржуваат мод мотото „Г-20: Добре дојдовте во пеколот“ и нивните организатори очекуваат на собирот да се вклучат до 10.000 лица, од кои многумина, според полицијата, се подготвени за насилство.
Хамбург ги засили своите полициски сили со единици од другите делови на Германија, подготвувајќи се за средбата, која ќе се одржи утре и задутре. Во градот ќе бидат распоредени 20.000 полицајци, кои ќе се грижат за безбедноста на улиците, на небото и по водените патишта.
Полицијата изјави дека синоќа и во текот на ноќта за време на протестите против Самитот на Г-20 во Хамбург, привремено биле задржани шест лица.
Според органите на редот, во моментов ситуацијата е мирна,но не е јасно дали таква ќе остане до вечер и во текот на ноќта.
Во текот на изминатата ноќ во пожар во автосалон на „Порше“ во Хамбург изгореа осум автомобили. Според иследниците, на местото а пожарот се пронајдени доволни траги за да се тврди дека станува збор за подметнат пожар, веројатно поврзан со форумот на Г-20.
Во Хамбург денеска треба да пристигне воз со противници на Ф-20 од цела Европа, што вчера тргна од Базел. Според податоци на полицијата, на неговите застанувања по пат не биле регитрирани прекршуваеа на јавниот ред. На границата со Швајцарија на 33 патници не им било дозволено да влезат во Германија. Уште на тргнување на возот полицијата од некои од противниците на Г-20 им одзеде спрејови и заштитни очила.







