Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите пред британскиот парламент кои се собраа за да изразат негодување заради одлуката на владата да ја повлече претходната одлука за укинување на рестриктивните мерки воведени заради спречување на ширењето на корона вирусот.
На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како полицајците вадат пендреци и им викаат на луѓето да се одалечат, додека во заднина се случаат сирени, пренесе британскиот весник „Експрес“.
Демонстрантите се препираа со полицајците, а насобраните пред „Даунинг стрит“ носеа мегафони и извикуваа пароли против одлуката на премиерот Борис Џонсон да го пролонгира укинувањето на рестриктивните мерки за на 19 јули.
Можеше да се види како полицијата извлекува една жена од толпата народ, додека друг демонстрант фрли на земја.
На транспарентите што ги носеа насобраните пишуваше „Бараме ТВ дебата за опасностите од вакцините против ковид“ и „Пркосете, спротиставете се, не се покорувајте“.
Демонстрациите се случуваат во моментите кога во Британија во еден ден се регистрирани 10.633 новозаразени од ковид-19 и пет смртни случаи.