Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Харис или Трамп – сите погледи вперени во САД
СВЕТ

Харис или Трамп – сите погледи вперени во САД

ноември 5, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ајде да се кладиме“, му предлага седмодделенец на негов соученик, додека „сериозно“ разговараат на клупа во учлишниот двор по зaвршените часови. Тројца нивни врсници го поддржуваат предлогот, во кој предмет на обложувањето е – кој ќе победи во САД!? Добивката за победникот во кладењето е бурек или бургер, сеедно.

Кога ќе ги прашате – и двајцата признаваат дека за кандидатите го „знаат“ она што го слушнале од нивните родители.

„Татко ми рече дека ќе заврши војната во Украина ако победи Трамп“, вели едниот. Другиот, кој би се обложил на Харис, се повикува на тоа што го слушнал од неговата мајка, дека „Камала е културна, и не прави омраза и поделби, за разлика од Трамп“.

Во исполитизираното македонско општество, не е исклучено да налетате и на ваква сцена, каде после наслушнати секвенци од домашни муабети, децата ги репродуцираат ставовите на возрасните. А нив ги има и на социјалните мрежи, каде се споделуваат впечатоци за фаворитот, неретко и со „сигурна прогноза“ кој ќе победи, и тоа во екот на најнеизвесните претседателски избори во историјата на САД.

 

Регионот во исчекување

Иако разликата во домашните прогнози не може да се квантифицира, навидум отсликува изблансирано типување за двајцата кандидати, многу слично на анкетите во САД. Според социолози, иако интересот за епилогот од изборите во САД на социјалните мрежи најчесто е ослободен од аргументи и повеќе е навивачки, во основата на таквиот интерес е вткаено прашањето – што ќе донесе победата на едниот или другиот за земјава, повторно – според тоа како граѓаните од свој аспект го оценуваат тој потенцијален ефект.

Македонските граѓани и политички елити не се единствените што го поставуваат тоа прашање. Во соседна Бугарија, на пример, се слушнаа изјави дека разговорите за формирање влада ќе почнат по завршувањето на изборите во САД.

„Развој на темата за формирање евентуална влада кај нас нема да има, сѐ додека не завршат претседателските избори во САД“ изјави пред неколку дена за БТВ, Симеон Дјанков, поранешен министер за финансии од првиот кабинет на ГЕРБ.

Тој рече дека имал средби со политички лидери од „десниот центар“, кои во разговорите му рекле дека ќе го чекаат резултатот од трката во САД. Дјанков изјави дека нема некоја посебна логика во тоа, бидејќи ситуацијата во Софија не е меѓу првите сто работи што го интересираат идниот претседател на САД, но потсети дека „политиката, не секогаш почива на логика”.

 

 

Џозеф: Со Трамп само неизвесност

Темата се анализира во целиот регион. Професорот на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, Едвард Џозеф, во интервју за Н1 Србија, ги посочи последиците од евентуална победа на републиканскиот кандидат.

„Сакам да им кажам нешто на граѓаните на Србија, бидејќи 12 години живеев во регионот и видов дека во Србија постои голема поддршка за Доналд Трамп“, изјави Џозеф.

На сите што мислат дека на Балканот ќе му биде супер, бидејќи „Трамп е на наша страна“, тој им порача дека ќе добијат само неизвесност.

„Одеднаш, американската посветеност кон регионот и Европа, американската посветеност кон НАТО, ќе исчезне. Толку многу луѓе во Србија велат ‘е па, НАТО нѐ бомбардираше…’ Сетете се и на ова: Србите во Косово зависат од КФОР. Под администрацијата на Трамп, имаше закани дека КФОР ќе биде отстранет од Косово. ‘Зошто ние би биле таму?’ – тоа го велат тие. Што би значело тоа за српските граѓани на Косово? Ова е само еден мал пример. Целите на граѓаните од регионот се да имаат нормални општества, продуктивни општества во кои новинарите не се загрозени, каде опозицијата не е непријател, каде што луѓето ќе можат слободно да го изразат своето мислење. А сето тоа ќе биде во опасност кога ќе ја имате најмоќната држава, одеднаш, со неизвесност за тоа каде се нејзините приоритети“, заклучи тој.

Според него, победа на Трамп „би била страшна за САД, за Европа во целина, и за Балканот”.

„Предноста на Балканот е што е дел од Европа, која е опкружена со стабилност и просперитет, кои на Балканот долго се одложуваат бидејќи има нерешени прашања од распадот на Југославија. Со Доналд Трамп веднаш ќе го добиеме овој збор: Неизвесност“, потенцира Џозеф.

 

Можеби најтесна трка во историјата

Со разлики во анкетите во рамки на статистичка грешка, денешната изборна битка меѓу Доналд Трамп и Камала Харис е една од најнеизвесните во историјата на САД. Американците можеа и однапред да го дадат својот глас на изборите, а тоа право веќе го искористија повеќе од 78 милиони гласачи. Американскиот претседател се избира со мандат од четири години и може да отслужи најмногу два мандати, без разлика дали се последователни или не.

Говорејќи на последниот митинг во Филаделфија, најголемиот град во Пенсилванија, Камала Харис пред денешните избори уште еднаш повика дека секој глас е важен, бидејќи „ова може да биде една од најтесните трки во историјата”.

Доналд Трамп, кој последниот митинг го одржа во Гранд Рапидс, Мичиген, исто како и во претходните претседателски кампањи, вчера уште еднаш го упати прашањето до граѓаните – „дали сега им е подобро отколку пред четири години”.

Одговорите на сите прашања ќе стигнат од американските гласачи, кои освен на претседателските избори, гласаат и за составот на Претставничкиот дом и Сенатот.

 

Извор: (dw)

актуелно избори победа САД Трамп хрис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.